Џафери: Владата ќе ја води премиер-Албанец во последните 100 дена, пред изборите, а може и потоа, ако има консензус на мнозинството!

„* Македонија во 2024 година ќе има два избора: за претседател и парламентарните избори. Со тоа ќе се овозможи Владата на оваа земја за првпат да биде раководена премиер-Албанец. Такво нешто е овозможено со политичкиот договор меѓу четирите главни партии.“ – изјави претседателот на Собранието на * Македонија Талат Џафери во емисијата „Дебатно катче“ на „ТЕВЕ 1“. Ова го пренесува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



Илирија-ИНА пренесува: Во интервјуто тој посочи дека тоа е политички договор на ова мнозинство во последните 100 дена од Владата да ја води премиер-Албанец. „Прашањето за премиерот-Албанец е дефинирано од овој парламентарен состав и беше тема на политички расправо во составот на сегашното парламентарно мнозинство. Тоа е политички договор за совладеење во овој мандат, дека последните 100 дена од овој парламентарен состав со техничката Влада да раководи  премиер-Албанец.“ – кажа Џафери.

Запрашан дали постои можност и по новите избори да има албански премиер, тој одговори дека тоа зависи од консензусот на мнозинството по изборите.