Претседателотна Цобранието, Талат Џафери, за ТВ 24 изјави дека ќе го употребува мајчиниот јазик кога и каде и да е потребно и дека е спремен да одговара пред институциите за тоа.
„Го користев моето природно право, вродено како и на секој човек во земјава. На кој било јазик да зборував јас го претставував Собранието на с.Македонија во најдобро можно светло“, вели Џафери на обвинувањата дека го прекршил уставот и говорел спротивно на тоа дека во меѓународна комуникација единствен службен јазик е македонскиот за што е покрената и негова интерпелација. .
Според Џафери, пратениците во Европскиот парламент имаат право да го користат она што го знаат најдобро, а „друго е на кои јазици ќе се објават официјалните документи“.







