За актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, нема ништо противуставно во тоа што е предложен од ДУИ да ја врши функцијата технички премиер во последните 100 дена од оваа влада.



Наместо најголемата партија, премиер предлага коалицијата со најголем број на пратеници, одговори Џафери на прашање во синоќешното гостување во „КЈлик плус“ на ТВ21.

„Ако законот вели партијата со најголем број пратеници, согласно Уставот Влада или премиер предлага коалицијата со најголем број пратеници.

Значи иако во Законот за Влада така пишува, Уставот дава можност премиер да биде предложен од коалицијата која има 61 или повеќе пратеници, посочи Џафери.

Запрашан за реакциите на дел од политичарите кои коментираа дека Џафери не е прифатлив како премиер за етничките Македонци, тој потсети дека имало слични реакции и кога беше предложен за министер за одбрана во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, а имало реакции и кога беше предложен за Претседател на Собранието.

„Се среќавам со многу Македонци, добивам коментари од нив, слушам реакции, можам да кажам дека за голем дел од нив е прифатливо моето решение за премиер“, нагласи Џафери.