Претседателот на Надзорниот Одбор на ДУИ, Муса Џафери, синоќа од Студеничани, каде со таканаречената „огнена група„ почнаа средбите со партиските структури, повторно упати критики до членовите на ДУИ што се дел од Владата.
Тој вели дека во Владата се прави место за Алијанса за Албанците да влезе во Влада, но не се гледа дека ДУИ се разделува.
„Ние имаме простор Алијанса за Албанците да ја интегрираме во Влада и да ја мобилизираме, но не сме свесни дека нашата партија се разделува, се креира јаз меѓу членови на Претседателството, меѓу партиските ограноци, меѓу општините.
Јас мислам дека е алармантно време кога ние треба да се освестиме и мобилизираме, и да тропаме на вратите на ДУИ за оваа состојба да не продолжи и понатаму, но треба да седнеме и да ги пронајдеме потребните компромиси за да го сочуваме ДУИ“, кажа Џафери.







