Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинари рече дека теоретски постои можност, сѐ додека не се распишат изборите тие да бидат одложени.



Ова од причини што предвремените избори треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштањето на парламентот.

Распуштањето би било околу 10 февруари, така што изборите веројатно би биле распишани веќе следниот ден.

Од тој момент почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија.

Џафери планира на 3 јануари – 100 дена пред изборите да закаже седница за избор на технички премиер и на нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

Според него, терминот кога ќе се одржи оваа седница зависи од тоа кога сегашниот премиер Зоран Заев би поднел оставка и кога би биле доставени предлозите за нови премиер и двајца министр