Претседателот на Собранието за ТВ 24 изјави дека ја одбил иницијативата со образложение дека е спротивна на уставот.
„Во член 118 од Уставот на РСМ е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани согласно Уставот, се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.
Дополнително, во членот 8 од Уставот е утврдено дека темелна вредност на уставниот поредок на РСМ е и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународно право.
Поради сето ова, доставената граѓанска иницијатива не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво.“ – изјави Џафери за ТВ 24.






