Предлог – дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, со кој пратеници кои се во изолација поради ковид-19 да учествуваат на пленарни и комисиски седници онлајн денеска е ставен на дневен ред на собраниска седница.



„Повикот до пратениците од опозицијата е да останат вклучени во работата на Собранието. Навреме се соопштени сите идеи. Три месеци зборуваме за тоа. Собранието нема целосно да работи онлајн. Тоа не е идејата“, изјави пред два дена претседателот на Собранието Талат Џафери кој го поднесува предлогот.

Џафери вели дека владејачкото мнозинство би можело да го донесе и без поддршка на опозицијата, бидејќи има потреба од такво нешто. Според него, има работи и закони кои се условени од пандемијата со ковид-19 и треба да бидат изгласани.