
Претседателот на Собранието Талат Џафери поднесе предлог Деловник на Собранието.
Текстот е резултат на повеќегодишната работа во рамки на процесот Жан Моне.
Предлогот треба да се најде на седница во вторник, на 3 октомври, а ќе важи за наредниот пратенички состав. Токму оваа одредба овозможила „да се донесат непристрасни решенија со консензус на пратениците од власта и од опозицијата“, соопшти кабинетот на спикерот.





