Претседателот на Собранието Талат Џафери предлага законодавниот дом да има петмина потпретседатели.



Шафери во образложението на предлогот и повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот на Собранието.

Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“.

Нема никаква економска и политичка оправданост да се изберат дури толкав број потпретседатели на македонскиот парламент, реагира поранешниот претседател на законодавниот дом во неколку мандати Трајко Вељаноски.