Џафери: Овој празник е посветен на милоста…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, го честиташе верскиот празник Рамазан бајрам со потсетување дека овој празник кој е посветен на милоста, љубовта и меѓусебното простување.



,„За празниците се споделува со блиските, со далечните, со познатите и непознатите, меѓутоа, овие години на пандемија наметнаа поинакви правила и го смалија кругот на луѓето со кои сме опкружени, сепак, тоа не не спречува да споделуваме убави зборови, да пружиме рака на поддршка и да бидеме од помош таму каде што има потреба.

Понекогаш, дури и мала, но топла насмевка е сѐ што е потребно за да заживее вербата дека сите сме еднакви и имаме потреба од еднакви нешта. Пандемијата, иако не оддалечи физички, сепак го сплоти човештвото во справување со предизвиците што ги донесе со себе. Заедно, да растеме индивидуално и колективно врз темелот на взаемна почит, соработка кон постигнување на заедничките цели, кон нашата подобра иднина“, се вели во честитката од парламентарниот спикер.