Џафери: Обид за свикување на Собранието без избори е – пуч (ВИДЕО)

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека освен избори, било кој друг начинза свикување на Собранието е обид за пуч



„Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот“, изјави Џафери во синоќешното онлајн гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

Топј вели дека нема уставна можност за повторно свикување на распуштеното Собрание.

Џафери додава дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на парламентот, но дециден е дека со Собранието е веќе завршено.

„На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните изботи ќе се собере Собранието“, вели собранискиот спикер.

Повод беше иницијативата на 35 пратеници за повторно свикување на парлементот поднесена минатата недела до Џафери кој се уште формално ја извршува функцијата претѕседател на Собранието.