Џафери: Немам право ниту мандат да го свикам Собранието

Во изјава за „360 степени“ парлементарниот спикер Талат Џафери рече дека нема право ниту мандат, со индивидуален акт, односно со решение за свикување седница, да ја поништи одлуката на Собранието за распуштање.



Во коментар за иницијативата на СДСМ која собрала 20 пратенички потписи, Џафери вели:

„Јас сум свесен за ситуацијата и не сум неодговорен, ама како претставник на институција сум обврзан да ги почитувам Уставот, законите и прописите. Ако не постапувам така, правам кривично дело, а зошто би го правел тоа“.