Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентрани избори нема да се разгледува се додека не биде договорена „пржинска влада“, која согласно законскиот рок треба да биде формирана најмалку 100 дена пред избори.
Согласно Договорот од Пржино и измените направени на Законот за Влада, при парламентарни избори потребно е 100 дена пред нивното одржување формирање на техничка влада, а тоа значи оставка од премиерот и именување двајца министри од опозицијата во МВР и МТСП и тројца заменици-министри.
Собранието може да се распушти и доколку до претседателот на законодавниот дом биде поднесена иницијатива со потписи од 61 пратеник за негово распуштање, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на средба со новинарите.
Тој потврди дека на 8 февруари ќе ги распише редовните претседателски избори кои треба да се оджрат на 21 април и на 5 мај.





