Претседателот на Собранието вели дека бил револтиран од работата на служебниците кои не си ја вршеле својата работа и затоа не чувствува ни одговорност ни потреба да се извини за псовките и недоличните зборови кон нив.
Пратеници го пречекаа спикерот Џафери со транспарент
„Ако некој мисли дека собраниската служба треба работното време да го помине на улица Македонија, наместо на работното место, тогаш граѓаните немаат потреба од таква служба. Ако некој мисли дека ќе ја пуштам службата да не работи, се лаже. Имаат осум часа работно време и толку треба да се на работното место”, рече Џафери на брифинг со новинарите.
Според него, пцовките кој јавноста можеше да гио слушне од аудио снимката на Собранискиот канал, не биле упатени кон вработените туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат, а не како што сугерира опозицијата.







