Џафери не го стави предлогот за разрешување на Филипче на дневен ред

Собранискиот спикер не ја стави на дневен ред предлог-одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на Венко Филипче од функцијата министер за здравство.



Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека без предлог од премиерот, Собранието не може да разреши член на Владата.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на претседателот на Парламентот дека покрај нивните барања тој ја продолжил седницата како ништо да не се случило.

По ова опозицијата ја напушти собраниската сала и нема да учествува на 50-та седница.

По заминувањето на опозицијата, седницата без усвојување на дневниот ред беше презакажана за утре.