Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека засега брои 64 пратеници.



„Парламентарното мнозинство сега засега има 64 пратеници“.

Прашан од новинарите дали некој од пратениците на ДУИ го променил статусот во независен пратеник, Џафери рече дека нема такво известување до него и оти официјалниот статус е „пратеници на ДУИ“.

„Јас стојам на страна на партијата. Јас и себе си сум се вложил во создавањето на тој политички субјект“.