Џафери: Не е време описот 20% да се замени со „албански јазик“

Претседателот на Собртанието, Талат Џафери, ја отфрли можноста покрај нацрт амандманите од Владата за уставни измени, дополнително да се доставуваат други како што е барањето за бришењето на описот „20 отсто“ за албанскиот јазик во Уставот.



Според Џафери, ниту Владата како иницијатор не може да предлага нов амандман кога ќе почне постапката за уставни измени (со кои се предвидува впишување на Бугарите и уште пет други малцинства во Уставот).

Тој ја отфрли и можноста за покренување уште една паралелна иницијатива за уставни измени околу ваквите барања, нагласувајќи дека има пропишан рок колку време, односно години треба да поминат за да се покрене одново процес за уставни измени.