По враќањето од посетата на Киев и средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека Украина ќе добие различен вид на помош од Македонија.
„ Како општа определба на државата е да се подржува Украина и украинскиот народ. Така и јас отидов да дадам лична поддршка за земјата да ја врати контролата на целата територија. Таа поддршка е повеќезначајна, може и во финансиски, материјален и санитарен аспект во зависност што ќе побара Украина. Секако може да биде и воена“, вели Џафери..







