Џафери мора да поднесе оставка веднаш!

Не знам што ѝ ветил собранискиот спикер Талат Џафери на делегацијата од Чеченија, што ја примил на 10 јули 2021 година. Битно ли е тоа?



Сигурно не им викал „сус“ и не ги пцуел. Не му било згодно – пишува новинарот Бранко Героски во колумна за Плусинфо.

Ако е вистина дека во чеченската делегација имало претставници на муслиманско марионетско здружение што го поддржува Кремљ…

Ако е точно дека гостите од Чеченската Република го посетиле и Тетово, каде што објавиле дека со општината се договориле за изградба на парк и споменик на Ахмат Кадиров, првиот претседател на Чеченската Република и носител на орден „Херој на Русија“…

Ако е точно дека во чест на милениците на Путин од Чеченија бил организиран и свечен ручек во елитен хотел во Скопје…

Ако е точно макар 10 отсто од она што го пренесува чеченската новинска агенција за средбата, Талат Џафери треба веднаш да си поднесе оставка.

Не утре, не вечер, туку сега, веднаш!

Ова е резил.

За недоветните, да објаснам зошто.

Целиот текст на следниот линк:

Сус бе Талат, веднаш пиши оставка!