Џафери: Луѓето разбираат дека промената на името беше потреба!

Собранискиот спикер Талат Џафери во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ ја коментира промената на името на македонската држава.



„Името се користи речиси две недели. Не може да се каже дека е едноставно да се прилагодиш и да се навикнеш на новото име. Луѓето секако разбираат дека тоа беше потреба. Ќе има и отпор околу тоа, потребно е време за луѓето и институциите да се навикнат на новото име“, вели Џафери.