„Најголемата пречка на * Македонија на патот кон интеграциите е токму криминалот на Владата во соработка со мафијашките групи во обвинителството и судовите… Нам не ни пречат Бугарија, Грција, Србија, Косово, Албанија…“ – вели граѓанскиот активист од Тетово Аријанит Џафери во својата колумна со наслов „Реалноста во * Македонија – деца без учебници, се краде од болните од канцер…“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА.
Џафери пишува: Реалноста во * Македонија:
– Учебната година почнува без 34% книги за основните училишта;
– Медицински персонал е обвинет за кражба на лекови за болни од рак;
– Владата предлага закон за намалување на затворските казни за функционерите, кои ја злоупотребуваат својата положба.
1) Фирмата што треба да ги изработува учебниците е едновремено и еден од најголемите донатори на ДУИ. Ако има вистинска, независна и правична истрага, ќе видиме која партија во власта ги изеде парите за книгите за нашите деца.
2) Економскиот директор на Клиниката за онкологија, кој е кадар на ДУИ, медиумите го споменуваат како човекот, кој ја направил фиктивната листа на лажните болни од рак. Парите од лековите продавани на црниот пазар со сигурност завршиле во касата на некоја политичка партија, што е на власт… Можеме само да претпоставиме во која партија завршиле тие пари.
3) Владата всушност предлага закон за намалување на затворската казна за владините функционери, затоа што знаат дека еден ден ќе се најдат пред правдата, која ќе ги прогласи како виновни за сторените злосторства. Па зошто да не предлага таков закон?!





