Џафери ќе каже дали резолуцијата за „црвените линии“ ги исполнува условите

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ со црвените линии ќе се најде на дневен ред во Парламентот само доколку ги исполнува условите, информираше парламентарниот спикер, Талат Џафери.



Тој вели дека не сака да зборува за неофицијален документ бидејќи се уште не ја примил резолуцијата.

„Основ за мене е тоа што ќе го примам во соодветна процедура како официјален документ, а не во медиуми. За мене официјално е кога ќе го добијам на маса, и според Деловникот ќе дадам став“, изјави Џафери во емисија на ТВ 24.