Џафери ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска како што најави се очекува да ги распише локалните избори, кои ќе се одржат на 17 октомври годинава.



Изборната кампања почнува три недели пред денот на изборите, но партиите веќе се активни на терен и најавуваат изборни коалиции и комбинаторики.

Дел од партите веќе излегоа со свои кандидати и најавија соработки за претстојните локални избори.