Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата нема да даде зелено светло на прелогот на ДУИ, Талат Џафери повторно да биде избран за собраниски спикер.



Мицевски рече дека во изминатиот мандат биле кршени процедурите од првиот човек во Парламентот.

„ Во изминатот мандат се кршеше демократијата, се кршеа процедурите, се носеа закони по скратена постапка. Од 800 закони , беа донесени 300 по скратена постапка. Затоа ние нема да го поддржиме овој избор на тенкото парламентарно мнозинство кое нема далеку да стигне“, рече Мицевски.

Од Алијансата за Албанците од собраниската говорница истотака посочија дека нема да гласаат за реизбор на Џафери за претседател на Собранието.