Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во друштво на техничкиот премиер Талат Џафери издаваше лични документи на шалтер во Минхен.
„Период кога сите ние сме дополнително посветени за побрзо и поефикасно надминување на предизвикот наметнат од енормното зголемување на барањата за конзуларни услуги особено во делот на патните исправи“, напиша Османи на Фејсбук каде објави неколку фотографии од базната станица во Генералниот конзулат каде што се врши сликање и земање биометриски податоци за издавање патни исправи за нашите државјани.
„Вложуваме максимални напори нашите граѓани да не се соочуваат со проблеми во државата каде што живеат и работат, поради обврската за обновување на личните документи која произлегува од Договорот од Преспа“, напиша Османи.






