Спикерот на македонското Собрание, Талат Џафери, по средбата со својот турски колега Исламил Кахраман во Анкара направи паралела меѓу настаните од 27 април минатата година во Македонија и неуспешниот преврат од 2016 година во Турција, ставајќи ги во контекст на проблемите во развојот на парламентарната демократија во двете земји.



„Двата парламента имаат, значи, слични случувања во смисла на она што се случи во 2016. овде со обидот за неуспешниот преврат и насилното влегување во нашето Собрание, даваат коресподенции дека двата парламента, двете држави, значи, делат исти искуства, исти проблеми во развојот на демократијата и на институциите. И во тој контекст заемна поддршка за напорите да се надминат сите последици од таквите настани“, изјави Џафери, кој беше примен и од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Споредбата на македонскиот 27 април со турскиот неуспешен пуч е 1:15 мин. по почетокот на видеото: