Џафери: Додека и судиите и обвинителите не станат жртви на “сообраќајки”, ќе има уште многу Виктории и Алмири…

Под наслов „Дваесет и двегодишната Викторија беше убиена од правдата, која го уби и малиот Алмир“ информативниот портал на албански јазик „ин7“ ја пренесе објавата на граѓанскиот активист од Тетово Аријанит Џафери, кој на својот фејсбук – профил реагираше по повод трагичната смрт на Викторија Николова, која го загуби животот откако беше прегазена кај „Сити мол“ во Скопје од автомобил управуван од Ј.Ѓ.



Џафери напиша: „Дваесет и двегодишната Викторија не беше усмртена само од 24 годишниот Ј.Ѓ. Таа е убиена и од системот на правдата, кој што го охрабруваше таквото однесување на возачите уште од времето кога тој систем на правда одлучи дека Бобан Илиќ не го убил четиригодишниот Алмир Алиу, туку оти тој бил жртва на сообраќајка…“

„Почивај во мир Викторија.“

Во нашата држава правдата е мртва уште од многу одамна. Додека судиите и обвинителите и самите не станат жртви на “автомобилски сообраќајки”, се дотогаш ќе има уште многу други Виктории и Алмири…“

Интернет – врска до објавата на Аријанит Џафери на фејсбук:

https://www.facebook.com/arianit/posts/10160608858340769