Доцна попладнево, спикерот на македонскиот парламент се очекува да ги распише изборите за иден шеф на државата и сосема е извесно дека тие нема да се одржат истовремено со парламентарните како што бараше опозицијата.



Изборите ќе се одржат 21 април, односно 5 мај и согласно Изборниот законик не порано од 70 и не подоцна од 90 дена откако се распишани.

Партиите се уште не ги одбрале своите фаворити за претседателската трка. ВМРО-ДПМНЕ ќе го стори тоа на 16 февруари откако на нивниот оглас се пријавија 9 кандидати,  додека владејачката СДСМ на Конгрес што ќе се одржи на 3 март.

Со свој кандидат ќе истрчаат и ДУИ но и опозициската Алијанса на Албанците како и некои помали партии.