Талат Џафери, носител на листа во ИЕ 5 денеска ги повика партиите од албанскиот блоик да се обединат и да застанат зад идејата на ДУИ за прв Албанец премиер во Македонија, а потоа да коалицираат со онаа партија во Собранието кое ќе ја подржи таса идеја.



Тој вели дека откако беше пласирана оваа идеја, таа веќе главен муабет во Чаршијата, по пазарите, во домовите, главна тема за дебатирање и на социјалните мрежи и во медиумите, а најмногу ја прифатија младите..

„Ајде прво ние, партиите на Албанците во државава, да се обединиме околу оваа идеја, да ѝ дадеме натпартиски предзнак, и со тоа да ги охрабриме Албанците уште еднаш да се обединат околу нивните интереси. Да прецизирам, ние нудиме премиер Албанец, а не по секоја цена премиер од ДУИ. И ова претставува силно подадена рака пред сѐ до партиите на Албанците, заеднички да застанеме зад оваа идеја. Еве денес испраќаме јавна понуда со која се откажуваме од ексклузивитетот на оваа идеја.

Ајде да оформиме заедничка платформа, заедничка декларација, да дадеме завет, дадеме беса пред граѓаните дека сите ние, избраните пратеници во следното Собрание, ќе се обврземе дека ќе ја дадеме политичката доверба на она мнозинство во Собранието кое ќе ја прифати и ќе ја реализира оваа идеја. Тоа е сериозна понуда, тоа е храбра политичка одлука, но ве уверувам, тоа е најдобриот начин да ја вратиме довербата на Албанците во политиката, во нас политичарите, дека без разлика на нашите несогласувања, во клучните моменти, за клучните прашања, имаме капацитет и доблест да се обединиме во интерес на граѓаните“, рече Џафери.