Техничкиот премиер Талат Џафери продолжи таму каде што застана со испечатениот мандатен извештај како собраниски спикер прво на албански јазик, па на македонски и на англиски, по тој терк заблагодарувајќи ѝ се на американската амбасадорка Анџела Агелер што му го честита изборот на албански.
„Благодарам за срдечната честитка амбасадорке Агелер“, стои во полуписмената објава на Џафери на Твитер, во која именките „честитка“ и „амбасадорке“ во македонската верзија погрешно се напишани со голема почетна буква.







