(…)
Заев неретко реагира на настаните (пре)многу емотивно. Поседува убави човечки квалитети, но тие не се секогаш пожелни кога политиката е во прашање. Со таа „слабост“ што ја носи во себе, не може и не треба да се справи сам. Прогресивната јавност има обврска да ја одбие неговата оставка и да му даде простор да ги продолжи процесите, вели во колумна за „Цивил“ шефот на истоимената организација Џабир Дерала кој освен што има медиуми ги следи и изборите.
Уште еден, веројатно, уште пологичен аргумент зошто Заев не треба да поднесе оставка како премиер (за партиската функција, нека решава партијата) е тоа што завршија локални, а не парламентарни избори. Ова нема потреба посебно да се образложува.
Дотука, аргументите се повеќе од јасни и веќе дел од овие ставови се слушнаа и прочитаа во јавноста. Време е за одговорност, работа и продолжување на реформите и процесите, не за оставки на оние што не се одговорни за пораз на локални избори. Значи, добро прочитавте – локални избори.






