„Џабе трошите време“ – им порача Села на противниците на Таравари кој ќе ја бара довербата од граѓаните за уште еден мандат

– Ве замолувам да ги мотивирате вашите блиски, сите да излезат на гласање. Ве замолувам истоа така и за трпение, имаме уште девет дена до големата победа. Одете и разговарајте со луѓето, покажете ги нашите аргументи, побарајте поддршка без притисок, без закани. Кажете им ги аргументите од работата што ја направивме во претходните четири години. Нема да има уцени, бидејќи животот ќе продолжи на 18 октомври. На 17 октомври во прославата на големата победа ќе ги повикаме и нашите противници затоа што тоа ќе биде победа на сите – истакна кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата, Арбен Таравари во обраќањето пред сопартијците во спортската сала на гимназијата ја побара поддршката за уште еден мандат и повика на смиреност до крајот на кампањата.



Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во рамки на предизборните активности синоќа во Гостивар одржа предизборен собир со жителите на населбите Леска и Дутлок. Пред партиски членови и симпатизери, беа претставени делови од предизборната програма „Трансформиран Гостивар“.

– Знам дека во Гостивар работата е завршена и знам промените ќе продолжат, а Гостивар ќе ја најави победата на Алијанса на овие избори. Победата од Гостивар ќе се пренесе во Струга и секоја општина до Липково. Конечно дојде времето на демократија, слобода, надеж кои доаѓаат со овие промени. Политичките противници попусто трошат време, бидејќи Арбен Таравари нема да падне, затоа што е прв во Гостивар и ќе победи уште во првиот круг, -рече Села.

Таравари побара од гостиварци да го заокружат бројот шест на ливчето со кандидатите за советници и да го поддржат носителот на листата, Ваљбон Лимани. Коалицијата Алијанса-Алтернатива во рамки на предизборната кампања во општина Гостивар, претходно имаше средби со граѓаните на Долна и Горна Бањица.