Џабе ти се американците ако не им помагаш на Македонците – Гаврило за новата фалба на Ковачевски (КОМЕНТАР НА ДЕНОТ)

Коментарот на денот денеска оди за извесен Гаврило А. Милошоски кој е непознат за пошироката македонска јавност а за себе вели дека е општественик, политички критичар и колумнист.



Гаврило коментира на статус на премиерот Ковачевски кој објавува слика од средба со вториот човек во американската амбасада во Скопје и со статус во кој се фали дека добил поддршка од америка.

Вакви слики со американски претставници и статуси во кои се фали со поддршка Ковачевски само годинава објавил дваесетина пати.

,,Џабе ти се Американците, ниедна вода не те пере ако не му помагаш на сопствениот народ”, коментира Гаврило А. Милошоски за кого можат да се најдат малку информации на интернет, на фалбата на премиерот.

,,Република С. Македонија е пред историска одлука кога треба да се носат храбри и тешки одлуки во интерес и за доброто на граѓаните.

На денешната средба со вршителот на работи во амбасадата на САД во Република С. Македонија, Ерик Мејер, уште еднаш добивме потврда за силната поддршка од нашите стратешки партнери САД да истраеме на европскиот пат.

Исклучително ја цениме цврстата одлучност на САД да ѝ помогнат на С. Македонија во справување со предизвиците и забрзување на нашите евроинтеграциски процеси.

Заедно очекуваме да се зголеми свесноста на сите политички актери за одговорноста во процесот на спроведување на реформите и остварување на нашата цел-полноправното членство во ЕУ”, напиша Ковачевски во својот статус на Фејсбук.