Наспроти триумфалистичките изјави на премиерот Зоран Заев дека економската соработка со Бугарија (ќе) цвета по потпишувањето на Договорот за добрососедство, податоците за трговската размена го демантираат.
Во првите три месеца таа забележа пад: македонскиот извоз кон Бугарија е намален за 29,7 проценти, а извозот на Бугарија во Македонија регистрира пад од 6,9 отсто. Кај туристите, пак, има пад од 5,4 отсто.
Ова беше констатирано на денешното редовно годишно собрание на Македонско-бугарска стопанска комора во Софија.





