Ѕанакопулос со „рецепт“ како да се реши името

„Потребен е договор кој јасно ќе ги опише чекорите на решението. Промена на името во меѓународните односи, во продолжение признавање, на пример, од грчка страна, потоа промена на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија за во Уставот да се вклучи новото име, а потоа поддршка од Грција  за интеграција на соседот во сите меѓународни организации“



Ваква била грчката позиција што била претставена на македонската страна во преговорите изјави денеска во Атина портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.

Како што јави МИА од Атина, предуслов за решавање на прашањето, според портпаролот, е ПЈРМ да ја прифати обврската за промена на уставното име.