Двотретинско мнозинство ѝ треба на „Северна“, не на Владата, порача Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски побара максимална поддршка од сите 120 пратеници за уставните измени заради вклучување на Бугарите во највисокиот законодавен акт, нагласувајќи дека двотретинското мнозинство ѝ треба на „Северна“, а не на Владата, за придвижување на евроинтеграцијата.



„На Владата и треба 61 пратеник за да биде Влада, на која било Влада во државата. Двотретинско мнозинство ѝ треба на Северна Македонија за да може побрзо да го заврши патот на интеграција во полноправно членство во ЕУ. Тоа двотретинско мнозинство нема да биде последната одлука во пристапувањето кон ЕУ. Ние зборувавме за реформи коишто треба да бидат направени, тие реформи и тоа пристапување во ЕУ не е процес на еден човек, не е процес на една партија, тоа е процес на целата држава. Не 80, не 90, не 100, 110, 120 пратеника во Собранието имаат обврска да носат одлуки коишто ќе обезбедат подобра иднина за сегашните и за идните генерации“, изјави Ковачевски во интервју за Македонската телевизија.