Двомесечно бебе заразено со ковид е најмладиот пациент во моментот во болницата во Козле. Поставено е на кислородна подрршка со уште едно 12 годишно дете поради претходни заболувања. Веќе една недела педијатрите во Козле се соочуваат со зголемен број и на амбулантски и на хоспитални случаи.
Тоа што ги загрижува докторите е потешката клиничка слика со која се карактеризира болеста во овој бран. И извештајот на Инситутот за јавно здравје покажува дека најмладата популација овој период е најзагрозена од вирусот. За една недела има 135 деца до 9 годишна возраст кои имале позитивен тест што е дури за 33 проценти повеќе од претходно анализираниот период.





