Двојно убиство се случило вечерва во Турската чаршија, објави порталот А1он според кој убиството се случило околу 20 часот во близина на познат кафе бар.
Како што за А1он тврдат очевидци, во близина на кафулето убиени се две лица, а според засега непотврдени информации се работело за добро познати лица во овој дел од Скопје.
Од МВР засега единствено потврдуваат дека имало пукање во скопската чаршија, но нема повеќе детали, односно повеќе информации најавуваат набрзо откако полицијата ќе направи првичен увид на местото.
Повеќе детали за имињата и профилите на убиените на А1он






