Двојно поскапеа услугите на молерите, електричарите и плочкарите, нема кој да работи

Населенито на големо се сели, а кај нас ќе дојде и ден кога нема кој да поправи нешто во домот, да вароса ѕид, да постави кабел за струја. Државата како да е глува да квалитетната работна сила, која бара да е ценета и почитувана, но ако се суди според реалната слика во пракса, сето тоа е бадијала.



Зголемувањето на цените се одрази на растот на цените во сите области, вклучително и услугите на босанските мајстори и занаетчии, анализира „Кликс.ба“. На пример, цената на молерските услуги се најмалку зголемени и во однос на лани поскапеа во просек за 25 отсто. Оваа година цената на електричарите е зголемена за 30 до 40 проценти, а услугите на плочкарите доживеја можеби најголем раст од 50 до 60 отсто.

Поскапувањето не ги заобиколи ниту водоинсталатерите, кои сега своите услуги ги ценат поскапо за 30 до 50 проценти. Слични услуги нудат и градежните компании, но и кај нив состојбата не е на задоволително ниво.

Од фирмата Униградња д.о.о. за Kликс.ба. велат дека цените на услугите во просек се зголемени за 50 отсто, во зависност од видот на работата и услугата.