Од 16 години на 8 години е намалена затворската казна за за српскиот турист Бојан Угреновиќ кој до смрт го претепа 26 годишниот охриѓанец, Димитар Матилоски, во новогодишната ноќ 2016 година.
Апелациониот суд во Битола ја намалил затворската казна бидејќи судот во Охрид не донесе пресуда во предвиден рок и мораше да биде пуштен.
На првиот судски процес, Угреновиќ беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна од 16 години.
Србинот доби можност да се брани од слобода, бидејќи судот му го укина притворот согласно Законот за кривична постапка. Тој се појави само на првото рочиште, по што го снема.





