Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека за време на посетата на Скопје ќе им порача на македонскитее колеги дека е време политичарите да престанат со едностраните изјави и да ги засукаат ракавите. Но ќе испрати и уште една порака, за недискриминација на Бугарите во Македонија и нивното впишување во македонскиот Устав.
Но ако Петков за интервенцијата во македонскиот Устав вели дека не може да се направи на сила и со виткање на раце, туку преку конструктивни разговори, она за што не е подготвен по ниедна цена да разговара е за Македонците во Бугарија.
„Не постои такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува. Да им порачам јасно на сите: По оваа тема има 100 проценти тврд став и разбирање дека за неа не може да се разговара“ – рече Петков.
Освен за непостоењето на македонско малцинство во Бугарија Петков порача и дека постои усогласен став на бугарската политика, потврден од Консултативниот совет за национална безбендост пред една недела, дека позицијата на Бугарија кон Македонија не е променета, само е надградена со работни групи.
Петков во интервјуто за бугарската БТВ на прашањето на каков компромис е подготвена Бугарија за да се придвижат работите со Македонија, вклучително и впишување на Бугарите во македонскит Устав, рече дека компромисот на кој е подготвена Бугарија е организирање и финансирање на авионска линија Софија – Скопје.





