Двојните стандарди на Доналд Туск за придавката Македонски

Претседателот на Европскиот совет во заминување со двојни стандарди при неговите посети на Македонија и Албанија.



Тој дава поддршка за почеток на преговори за двете земји но во случајот со Македонија избегнува да зборува за “македонската интеграција” или “македонското пристапување”.

Кај Албанија го нема тој проблем.

“Албанското пристапување во ЕУ е во најдобар интерес на цела Европа. Затоа што нема да има стабилна и безбедна Европа без интеграција на целиот Балкан во ЕУ”, напиша Туск во пораката за Албанија при што придавката албански ја употребува без никаков проблем.

Во пораката за Македонија, македонски станува Скопје.

“Скопје е најдоброто место од каде би сакал да упатам апел до лидерите на Европската унија: Сега вие завршете го вашиот дел. Затоа што С. Македонија веќе го заврши својот”, пишува Туск на својот Твитер профил.

Нејасно е зошто Туск не ја користи придавката Македонски/а/о кога според неговите домаќини тоа е дозволено.