На Пољак кој неверојатно многу личи на Владимир Путин, и кој дури и заработува од имитирање на шефот на Кремљ, му било кажано да „пушти мустаќи и да не го напушта својот дом“ заради негова безбедност.



Славомир Собала (53) од Полска, забележа промена во односот кон него по руската инвазија на Украина

Неговите секојдневни маки се интензивирани поради фактот што во неговиот роден град, Вроцлав, на западот на Полска, секој десетти жител е Украинец.

„Војната што ја покрена Путин очигледно влијае на мојот секојдневен живот. Луѓето често ми сретнуваат на улица и ми велат дека личам на Путин. Исто така често ми велат да не излегувам од дома поради безбедносни причини“, изјави тој за Дејли Стар.

„Другите ми предлагаат да пуштам брада и мустаќи за да не изгледам како Путин.

Славомир, кој води транспортна компанија , вели дека сè уште работи како имитатор и покрај реалната опасност.

„Да, работам, но не прифаќам да учествувам на сите настани“, вели тој.