Лорин, шведската поп ѕвезда, осѝвои прво место на синоќешното 67-мо изание на Евровизија.
Таа триумфираше во Ливерпул, со што стана втор изведувач изведувач кој двапати победил на „Евросонг“.
Лорин, која претходно славеше во 2012, се израмни со Џони Логан, кој ѝ донесе победа на Ирска во 1980 и 1987 година.
Песната „Тетоважа“ собра вкупно 583 поени, 57 повеќе од „Ча ча ча“ на финскиот претставник Керије, кој, пак, освои најмногу гласови од публиката.
На третото место заврши Израел со 362 поени.
Победата воедно значи успех за Шведска која по 7-ми пат ќе биде домаќин на следната Евровизија, што ќе се совпадне со 50-годишнината од победата на „АББА“ со песната „Ватерло“.
На последното место, синоќа заврши Германија, зад Велика Британија и Србија.







