Инфлацијата во Обединетото Кралство се зголеми на 10,1% во јули, пишува Financial Times.
Тоа е највисок пораст на годишно ниво во повеќе од четири децении.
Порастот на индексот на цените на потрошувачката беше повисок од очекувањата на економистите од 9,4% во јуни и порасна на 9,8 проценти.
Националниот завод за статистика на земјата вчера соопшти дека зголемувањето во јули е главно резултат на повисоките трошоци за храна минатиот месец.
Ова ќе биде тежок удар за конзервативците кои идниот месец треба да го номинираат следниот британски премиер, а падот на животниот стандард со кој се соочуваат домаќинствата низ целата земја,не оди во нивна корист.







