Движењето #Бојкотирам повикува на протест за амнестијата и името

Шест недели откако пред Собранието организираа протест против промена на уставот движењето #Бојкотирам повторно организира народен собир на кој покрај уставното име главна тема е и законот за амнестија.



Протестот ќе се случи во сабота на 29ти декември со почеток во 14 часот, овој пат пред владата на Република Македонија.