Две воспитувачки и една негувателка се позитивни на коронавирусот во скопската градинка Росица во Ѓорче Петров.



Станува збор за објектот „Калинка“ во Хром каде во моментов три групи на дечиња се во изолација поради контактот кои го имале двете воспитувачки и едната негувателка со нив.

Директорката на градинката Маја Ристовска во изјава за КУРИР вели дека децата од трите групи се во изолација и ќе останат 14 дена дома, дознава Курир.