Контроверзни информации за претепувањето на Јане Ченто во затворот во Шутка.
Откако попладнево јавноста дозна дека Јане Ченто добил видливи повреди на телото, од истражниот затвор Шутка објави дека правнукот на првиот македонски претседател бил натепан затоа што одбил да предаде нелегално добиени предмети во ќелијата.
Мобилен телефон, мобилен полнач, импровизиран кабел за полнење мобилен телефон и други недозволени предмети биле пронајдени вчера при редовен претрес на собите во истражниот затвор Шутка кај лицето Јане Ченто, соопштија од Истражниот затвор Скопје.
Според директорот на затворот Ѓоко Котевски службените лица издале наредба да ги предаде недозволените предмети, на што Ченто се спротиставил и пружил активен и насилен отпор. Котевски тврди дека на службените лица на тоа одговориле со зафат согласно утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби и му ги одзеле телефонот и другите недозволени предмети.
Но приказната на директорот има многу празнини тврдат блиски соработници на Ченто.
“Се пишува дека Јане не сакал да предаде некакви не дозволени предмети.
Како прво додека се прави претрес на ќелија затвореничка се проверува прво човекот и се изнесува од ќелијата после тоа се врши претрес да не би дошло до конфликт или било каков контакт со Притворениот.
Друго што е и најбитно, како дошле тие предмети во ќелијата кога не се дозволени.
Факт е дека има телефон но тие телефони ги продаваат чуварите”, објаснува Игор Цветковски.
За претепувањето на Ченто вечерва има и други реакции.
“Хунто фашистичка, тоа што сте го преместиле брат ми во друга ќелија, после денешното објавување дека сте го нападнале во затвор, верувајте дека ни најмалку нема да го скршите, ни физички, ни психички.
Хунто една, вие се плашите од брат ми, иако е во затвор, а знаеме кој страв го имате ако е надвор, бидејќи се плашите од неговата интелигенција и неговото знаење.
Да живее Република Македонија. ??✊
Вашиот пат, почнува од денес.
#СлободазаЈанеЧенто ??✊”, пишува на страната “Слобода за Јане Ченто.
Според блиски пријатели на Ченто тој бил претепан затоа што во јавноста се појавиле компромитирачки информации за кои власта се сомнева дека ги лиферувал правнукот на Методија Андонов Ченто кој се соочува со најмалку 10 години в затвор за случајот 27 април.





