Две третини од граѓаните на Австралија во строг „локдаун“

Австралија денеска регистрираше најголем број нови инфекции оваа година, а делта варијанта на коронавирусот продолжува да се шири во најнаселените држави – Нов Јужен Велс , Викторија и Квинсленд, јавува Ројтерс.



Трите држави се дом на околу 15 милиони луѓе, или околу 60 проценти од населението во Австралија, се во строг „локдаун“.

Со повеќе од 36.000 случаи на Ковид-19 и 937 мртви, Австралија избегна голем број заразени како во другите развиени земји, но бројот на вакцинирани е меѓу најниските.

Во Австралија, само 20 проценти од населението над 16 години е целосно вакцинирано.