Две трагедии, 5 загинати и 4 повредени

Во две сообраќајни несреќи попладнево во земјава загинаа петмина а четворица се тешко повредени.



Четири лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во близина на ресенското село Крушје. Во несреќата учествувале три патнички возила, две од нив со битолски регистерски таблици а едно од патничките возила е со охридски регистерски таблици.

Од загинатите, две лица се од Битола, а две од Могила.

Во друга сообраќајна несреќа која се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, едно лице го загубило животот, а три поминале со скршеници.

Од повреди кои ги задоил во сударот, загинал гостиварецот Сенат П. (32) , а потешко се повредени М.М. (24) и дебарчаните Џ.А. (21) и П.Љ. (25)

Според информациите на СВР Тетово, околу 17:30 часот во близина на еден од каменоломите на 4 километри од Гостивар дошло до судир на две патнички возила.

Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале „Опел астра“ со дебарски регистерски ознаки и „Рено меган“ со гостиварски регистерски ознаки што го управувал загинатиот Сенат П. Во реното покрај сопатничката М.М. било и три годишно дете, кое по прегледите во гостиварската болница било констатирано дека поминало без повреди.